mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Тројца загинати во поплавите во Албанија

Тројца загинати во поплавите во Албанија

Типографија

Албанските власти официјално потврдија дека во поплавите предизвикани од невремето што зафати делови на Албанија, животите ги загубиле три лица.

Станува збор за лица од на вораст од 40 до 50 години од Клос, Сукт и од Тирана.

Албанскиот премиер Еди Рама го свика Кризниот штаб. поради создадената ситуација во земјата по обилните и интензивни дождови. што од синоќа ја зафатија земјата.

Рама изјави дека се ангажирани сите структури, вклучувајќи ја и армијата, со цел на најдобар начин да се справат со созадената ситуација, пред се да се спаси секој човечки живот.

  • Сите структури под раководство на министрите и одговорните лица се ангажирани со цел на најдобар можен начин се справат со оваа, навистина, вонредна состојба, кога станува збор за дождовите, изјави Рама.

Најпогодени од невремето се подрачјата на Драч, Тирана, Пешкопеја, Лежа и Ѓирокастро, каде под пода се над 500 хектари земјоделски површини, а поплавени се многу домови.

Семејство со малолетни деца попаднево било спасено од давење во Буел, откако во последен миг било евакуирано од армиски хеликоптер.

Зголемиот дотек на реките услови и зголемено ниво на вода во акумулациите на трите хидроелектрични централи на реката Црн Дрим, но според надлежните засега нема опасност за браните. Доколку интензитетот на дождот продолжи, не се исклучува можноста од исуштање на вода, со цел да не дојде до пукање на браните.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан