mksqen

Протест против пингвинариум во белградската зоолошка градина

Протест против пингвинариум во белградската зоолошка градина

Типографија

Студенти од Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград протестирале пред зоолошката градина против изградбата на пингвинариум, бидејќи, како што велат, нема услови за градината да се проширува и во неа да се вселуваат нови животни.

Протестот, под мотото „Пингвини мали, уште тоа ни фали“, го поддржале и членовите на Здружението за заштита на животните „Феникс“. Неколку десетини учесници носеле транспаренти „Слобода за луѓето - слобода за животните“.

Организаторката на протестот, студентката Ива Атанасковиќ, изјавила дека основните барања на демонстрантите се да се спречи изградбата на пингвинариумот, поради, како што вели, пренатрупаноста на зоолошката со животни. Таа смета дека парите треба да се пренаменат за да се подобрат условите за тие животни што веќе се таму, а кои, според неа, се очајни. Исто така Атанасковиќ рекла дека животните на кои не може да им се обезбедат подобри услови треба да се префрлат во природни резервати.

  • Се надеваме дека управата на зоолошката градина ќе го земе во предвид мислењето на биолозите и еколозите, а и нема да се води само од тоа што го велат економистите во врска со зголемувањето на нејзиниот профит, бидејќи животните се важни, тие не се обични атракции - вели Атанасковиќ.

Студентите додаваат дека се обиделе да стапат во контакт со управата на зоолошката, но не добиле одговор, како и дека му го испратиле барањето и на белградскиот градоначалник Синиша Мали.

Најпопуларни вести во категорија Скопје

Најпопуларни вести во категорија Македонија

Најпопуларни вести во категорија Балкан

Најпопуларни вести во категорија Свет