mksqen
27
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Тропска бура се доближува кон Флорида

Типографија

Тропската бура Хермина се формира над Мексиканскиот Залив близу до крајбрежјето на Флорида, покажаа податоците на Националниот центар за набљудивање на ураганите во Мајами.

Центарот посочува дека јачината на ветерот на одредени места достигнува и до 64 километри на час.

Бурата која се движи на североисток уште денеска може да стигне на Флорида, а во меѓувреме можна е појава на урагани.

Хермина е осмата тропска бура, која се формираше пред сезоната на престојните урагани на Атлантикот, и која во моментов се наоѓа на 665 километри од градот Тампа, третиот по големина град на Флорида.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет