mksqen
27
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Милиони монарх-пеперутки гинат поради бурите во Мексико

Милиони монарх-пеперутки гинат поради бурите во Мексико

Типографија

И покрај големите меѓународни напори за да се спасат монарх-пеперутките од исчезнување, тие се се` повеќезагрозени поради невремињата и сечењето на шумите во Мексико, велат научниците.

Овие пеперутки се познати по својата годишна миграција од илјадници километри, од Канада до Калифорнија и Мексико. Зимзелените дрвја во нивните јужни дестинации им нудат засолниште за да ја преживеат зимата. За жал, овие шуми во Мексико се под притисок на нелегалната сеча, а во последно време и силните бури уништуваат голем дел од живеалиштата, и се проценува дека лошото време е причина за смртта на околу 6,2 милиони од овие импресивни пеперутки.

  • Бидејќи шумите ја обезбедуваат микроклимата потребна за пеперутките да преживеат во зимата, нелегалната сеча мора да запре и деградираните подрачја мора да се опорават - вели Омар Видал, директор на мексиканскиот огранок на Светскиот фонд за заштита на дивиот свет (WWF).

Нелегалната сеча била намалена во последните години, но сега временските услови се нова закана за опстанокот на пеперутките. Тие се загрозени и од други фактори и за време на миграцијата. Единственото растение на кое тие несат јајца и со кое нивните гасеници се хранат се уништува со хербициди. Дополнителни закани се грабливците и паразитите. Се проценува дека во 1990-тите години една милијарда пеперутки патувале меѓу Канада и Мексико, но дека бројот сега им е опаднат за дури 80 проценти.

За среќа, се вложуваат големи напори за да се спасат монарсите. Многу луѓе на нивната миграциска рута одгледуваат градини што се поволни за нив, а организациите бараат да им се додели заштитен статус.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет