mksqen
26
Сре, Јан
0 Нови / 7 дена

Ирвасите и пеперутките исчезнуваат од Канада

Ирвасите и пеперутките исчезнуваат од Канада

Типографија

Бројот на ирваси во Канада никогаш не бил понизок, особено на истокот каде е доведено во прашање опстанувањето на тие животни.

Истребување исто така и се заканува и на големата канадска пеперутка монарх.

  • Ирвасите за жал се многу чувствителни на промените во природата предизвикани од човекот - вели Жистин Реј во извештајот на Одборот за загрозени животни во Канада.

Бројот на ирваси алармантно опаѓа, а и стадата на северот се на најниско ниво. Сега веќе постои опасност нивната бројност никогаш да не се обнови, сметаат стручњаците кои и даваат препораки на канадската Влада како да се справи со ситуацијата.

Причината за намалување на бројот на тие животни е поврзана со намалувањето на бројот на субполарните шуми под влијание на експлоатација на дрвата и рудите, како и со нарушувањето на живеалиштата поради глобалното затоплување кое е многу изразено во делот на северниот пол.

Светскиот фонд за природа во октомври изрази загриженост поради намалувањето на бројот на ирваси за околу 95 до 98 отсто во последните 30 години.

Исто така се оценува и дека пеперутката монарх е на пат на изумирање поради тоа што нивните зимски живеалишта во Мескико се веќе премали. Овие пеперутки во текот на есента прелетуваат четири илјади километри од Канада до Мексико за да се скријат од студ, но ќе изумрат ако ништо не се направи за да се заштитат нивните загрозени зимувалишта.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет