mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Јагуар Ланд Ровер сака да прави електрични автомобили во Велика Британија

Јагуар Ланд Ровер сака да прави електрични автомобили во Велика Британија

Типографија

Најголемата автомобилска фабрика во Велика Британија Јагуар Ланд Ровер сака да прави електрични автомобили.

Производителот на автомобили, во индиска сопственост, минатата година има направено 1,6 милиони автомобили. На почетокот на овој месец тие го покажаа и својот прв електричен автомобил кој ќе биде направен во Австрија.

Но, главниот извршен директор Ралф Спеч вели дека компанијата, која има три фабрики во централна и северна Англија, може да продолжи со производство на електричните автомобили во Британија.

  • Ние сакаме да го изградиме нашиот ЕВС (електрично возило) во Вест Мидландс, во домот на нашиот дизајн и инженеринг - вели Спеч.

Од компанијата не коментираат за тоа кога ќе почнат електричните автомобили да се прават во Британија. Тие само најавуваат дека сакаат половина од нивните автомобили да бидат достапни во електрична варијанта до крајот на оваа деценија.

Велика Британија најави дополнителни 485 милиони евра за поддршка на самостојни и зелени технологии со цел да ја промовира земјата како центар за иновации во последниве години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет