mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Откриено потеклото на европските бизони

Откриено потеклото на европските бизони

Типографија

Научници соопштија дека го имаат откриено потеклото на европските бизони.

Тие прв пат се појавиле пред околу 12 илјади години и се разликуваат од американските. Претходната генетска анализа покажала дека е можно и двете врсти да потекнуваат од степските бизони, вид кој талкал низ Евроазија и Северна Америка пред да изумре пред околу девет илјади години.

Од анализата на ДНК земена од остатоците од древните бизони истражувачите откриле до сега непознат вид кој се појавил со мешање на мажјак од видот степски бизон со женка диво говедо, вид кој е истребен.

  • Неочекувано е дека таквата хибридизација може да доведе до нов вид кој се натпреварува со двата вида предци - вели истражувачка од Универзитетот во Австралија, Џулијен Соубријер.
    Хибридната врста на крајот се развила во европски бизон, заклучиле научниците.

Денес бизоните се присутни во Полска каде во почетокот на 20 век се сочувани од истребување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет