mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Обама прогласи вонредна состојба во Северна Каролина

Обама прогласи вонредна состојба во Северна Каролина

Типографија

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во Северна Каролина поради катастрофата која ја предизвика ураганот „Метју.

Согласно оваа мерка, граѓаните кои се погодени од ураганот во 10 окрузи на Северна Каролина ќе можат да побараат државна финансиска помош.

Околу 2.000 жители на градот Ламбертон се блокирани во своите домови или бараат помош од покривите на куќите поради ненадејните поплави, предизвикани од надојдената вода на реката Ламбер. И во следните неколку дена се очекуваат поплави во населените места по течението на реките Ламбер, Кејп Фиер, Њус и Тар.
Без електрична енергија и понатаму се околу 1,1 милион луѓе во државите Флорида, Џорџија, Вирџинија, Северна и Јужна Каролина.

Бројот на жртвите од ураганот „Метју“ во САД достигна повеќе од 20 лица од кои половина од жртвите се во Северна Каролина. Жртви има и во државите Џорџија, Флорида и Јужна Каролина.

Претходно, „Метју“ им ги одзеде животите на над илјада лица на Хаити.

Поради тоа Обединетите нации апелираа до донатори за 119 милиони долари помош за Хаити, погодени од ураганот „Метју“. Помошта е неопходна за храна, вода пиење и засолништа за населението.

  • Ураганот Метју предизвика најголем ахуманитарна катастрофа на Хаити од земјотресот во 2010 година и тоа во време кога државата се соочува со се поголем број заболени од колера - се вели во апелот на ОН.

Бројот на загинати во налетот на Метју е 1.000, а жртвите се погребуваат во масовни гробници. Ураганот, најсилен на Карибите во изминатите 10 години ги погоди Хаити во минатиот вторник.

Хаити сега се соочуваат и со епидемија на колера. Медиумите јавуваат за 60 случаи и четири жртви од таа болест.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет