mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Ураганот Матеј руши со смртоносна сила во западен Хаити

Ураганот Матеј руши со смртоносна сила во западен Хаити

Типографија

Најжестоката бура на Карибите во последната деценија веќе беснее во југозападниот дел на островот Хаити.  Ураганот Матеј е со брзина од 230 километри на час.


Од ураганот има загинато едно лице, а оштетени се многу домови од крајбрежните села каде удриле силните ветришта.

Околу еден метар дожд се очекува да наврне на ридовите кои во најголем дел се непошумени и така се повеќе склони кон поплави и лизгање на земјиштето, со што им се закануваат на околните села, како и на сиромашните квартови во главниот град Порт-о-Пренс.

Властите соопштуваат дека повеќе од девет илјади луѓе се сместени во засолништата низ Хаити.

Очекувањата, како што велат од центарот за урагани, се до среда вечер Матеј да стане уште помоќен ураган.

Луѓето на Хаити, која е најсиромашната земја во Америка, често не сакаат да ги напуштат домовите стравувајќи дека нивните малубројни предмети ќе бидат украдени.

Метеорологот на Ен-Би-Си Бил Каринс изјави дека патот на ураганот е сличен на ураганот Флојд од 1999 година кога во пет американски сојузни држави беа евакуирани 2,6 милиони луѓе.

Во најголема опасност од ураганот Метју е југоисточниот брег на Флорида кон Северна Каролина. Гувернерите на двете држави прогласија вонредна состојба во сите окрузи на Флорида и во 66 окрузи на Северна Каролина.

  • Прогнозата во моментот е дека ураганот ќе помине над морето, во близина на брегот, но тоа може брзо да се смени - истакна гувернерот на Северна Каролина, Рик Скот.
    Ураганот доаѓа во време кога десетици илјади луѓе се уште живеат во шатори во Хаити по земјотресот во 2010 година, во кој загинаа повеќе од 200 илјади луѓе.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет