mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Спогодбата за климатските промени може да стапи во сила

Спогодбата за климатските промени може да стапи во сила

Типографија

Пратениците од Европскиот Парламент ја усвоија спогодбата од Париз за борбата против климатските промени, со што се отвара патот за негово стапување во сила.

Со усвојувањерто во Европарламентот минат  е бараниот  минимум од 55 отсто земји - емитери на штетни гасови кои треба да ја усвојат спогодбата за да стапи во сила.

За спогодбата гласаа 610 пратеници, против беа 38, а 31 пратеник беа воздржани.

Спогодбата не можеше да стапи во сила се додека 55 држави, на кои отпаѓаат барем 55 отсто од светските емисии на штетни гасови, не го усвоија овој документ.

Пред усвојувањето во ЕП, тоа до сега го направија парламентите од 62 држави, кои сочинуваат 52 отсто емисии.

Гласањето во Стразбур беше одржано во присуство на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.  


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет