mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Фолксваген треба да плати 1,2 милијарди долари отштета за скандалот „дизелгејт“

Фолксваген треба да плати 1,2 милијарди долари отштета за скандалот „дизелгејт“

Типографија

Суд во Сан Франциско синоќа реши дека германскиот автомобилски гигант Фолксваген треба да им исплати 1,2 милијарди долари отштета на автосалоните во САД, кои претрпеле финансиски загуби поради скандалот со манипулациите со емисиите на штетни гасови од неговите возила. 

Во судската одлука не е наведен бројот на автосалони кои ќе добијат отштета од Фолксваген, но веќе стигнуваат најави за индивидуални тужби и барања за надомест од германската компанија.Американските медиуми информираа дека поради скандалот штети претрпеле околу 650 дистрибутери на возила во САД. Согласно долуката на Судот, Фолксваген ќе треба да одвои и околу 10 милијарди долари за поправка или за откуп на веќе продадените околу 475.000 модели на негови возила со спорните дизел мотири во САД.

Концернот на сопствениците на овие возила ќе треба да им палти меѓу пет и 10 илјади долари во зависоност од годината на производство на возилата, а ќе треба да исплати и уште 2,7 милијарди долари за замена на спорните еколошки уреди и да оддели дополнителни две милијарди долари за развој на автомобили кои ќе емитуваат помало ниво на штетни гасови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет