mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Британија го загуби спорот за загадувањето од термоцентралите

Британија го загуби спорот за загадувањето од термоцентралите

Типографија

Велика Британија не ги почитувала ограничувањата на Европската унија за емисиите на азотни оксиди од термоцентралите на јаглен во Велс, пресудил Европскиот суд.

Истрагата ја почнала Европската комисија во 2012 годиина, за да ги испита влијанијата врз животната средина на термоцентралата Абертхо, и поднесе тужба против Велика Британија во 2015 година. Британија ќе треба да плати казна и да ги покрие судските трошоци.

Земјите-членки на ЕУ имаа обврска да ги намалат емисиите од големите загадувачи од 2008 година. Но централата во Абертхо испуштала 1.200 милиграми азотен оксид на еден кубен метар, наспроти европското ограничување од најмногу 500 милиграми. Станува збор за централа стара 45 години, изградена за да произведува струја од велшките наоѓалишта на јаглен. Нејзин сегашен сопственик е германската компанија РВЕ, која изјавила дека вложувала милиони евра за да ги подобри еколошките перформанси.

Велика Британија барала централата да биде исклучок од лимитот за емисиите, поради типот на јаглен што го користи. Од РВЕ изјавиле дека по оваа пресуда ќе мораат се помалку да го користат локалниот јаглен. Од компанијата додале дека пресудата нема да се одрази на нивните инвестициски планови, и очекуваат централата да продолжи со работа и во 2020-тите години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет