mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Флинт се труе во олово, бара вода во шишиња

Флинт се труе во олово, бара вода во шишиња

Типографија

Жителите на американскиот град Флинт побарале од федерален судија да нареди да им се обезбеди пакувана вода во шишиња или да се постават филтри, бидејќи нивото на олово во нивниот водовод не се намалува и по две ипол години откако беше откриено.

Адвокатите на граѓаните и нивните организации сметаат дека градот и државата Мичиген се должни да им обезбедат вода во шишиња на сите жители во нивните домови, или да почнат програма за поставување филтри.

  • И по повеќе од две години, жителите на Флинт не можат да ги отворат чешмите во своите домови без да мораат да се грижат за изложеноста на олово - рекол адвокатот Димпл Чодхери пред судот.

Флинт е град со околу 100 илјади жители, повеќето Афроамериканци. Во 2014 година го смени изворот на водоснабдувањето од езерото Хјурон на реката Флинт. Но бидејќи реката е позагадена, тоа доведе до драстично нарушување на квалитетот на водата. Лани системот повторно беше приклучен на езерото, но нивото на оловото не се смаува.

Граѓаните имаа поднесено тужба против властите во јануари, а првите сослушувања се одржаа во изминатите неколку дена.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет