Главниот град алармантно загаден и во лето

Главниот град алармантно загаден и во лето

Типографија

Нивото на загаденост на воздухот во Скопје со честички ПМ-10 е и до четири пати над максимално дозволената граница, објави иницијативата „Скопје смог аларм“ на својата фејсбук-страница.

Со пораката „Гласаме Скопје да се преименува во Смогје, ова е срамота“, тие објавија податоци од мерните станици, според кои градот е во црвената зона дури и среде лето. Голем број граѓани коментираа дека властите им должат одговори на што се должи сегашното загадување, кога најчестото оправдување во зимските месеци е дека екстремно лошиот квалитет на воздухот е последица на греењето со дрва и со неквалитетни материјали за огрев. Во месецот декември, пак, загадувањето на воздухот со ПМ-10 честички се искачува и до 20 пати над дозволеното ниво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS