mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Волково со најсовремена пречистителна станица за отпадни води

Волково со најсовремена пречистителна станица за отпадни води

Типографија

Во скопското село Волково функционира пречистителната станица за отпадни води, која е најсовремен објект од овој вид во земјата, чија изградба чинеше 6,7 милиони евра.

Станицата овозможува прочистување на реката Вардар и на подземните води од кои пие и градот Скопје. 

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова вели дека се обезбедените донации за изградба на пречистителни станици и во општините Кочани, Македонска Каменица и Радовиш, по пат на кофинасирање од македонската Влада. 

Андреј Иванц од комапнијата „Рико“ од Словенија, која го изгради објектот, истакна дека проектот во Волково може да послужи како добар пример на соработка меѓу Македонија и Словенија, посебно во областа на животната средина која има големо значење за иднината.

  • Најголем придонес на овој проект е заштитувањето на подземните води и на водите што се користат како извори за вода за пиење, а има добро влијание и на останатите еколошки проекти како начин на соработка меѓу Словенија и Македонија што сметам дека ќе се реализираат и во иднина - истакна Иванц.

Пречистителната станица во Волково е со капацитет од 20 илјади еквиваленти.

Проектот во Волково чини 6,7 милиони евра од кои 1,5 милион се грант на словенечката Влада, еден милион евра инвестираше градот Скопје заедно со ЈП „Водовод и канализација“ и со општината Ѓорче Петров, а останатите 4,2 милиони евра се обезбедени од македонската Влада.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје