mksqen
20
Пон, Сеп
0 Нови / 7 дена

Акциски план за животна средина во општина Аеродром

Акциски план за животна средина во општина Аеродром

Типографија

Општина Аеродром е една од шесте општини кои се одбрани за изработка на акциски планови за поголема вклученост на граѓаните во процесот на носење одлуки од областа на животната средина, за периодот 2017 - 2020 година, во организација на „Центарот за климатски промени“.

Како што соопштуваат од  општина Аеродром, акцискиот план ќе биде изработен заедно со граѓанските организации кои се активни во општината и треба да овозможи поголема соработка меѓу општината и јавноста, преку спроведување заеднички активности кои се поврзани со животната средина.

Заедничките активности ќе се однесуваат на организирање заедничка кампања за решавање на одреден еколошки проблем или промоција на одржлив развој, како што се промовирање рурален и еко-туризам, промовирање органска храна, акции за чистење, акции за одржлив транспорт и акции за штедење енергија.

Проектот ќе ги опфати и општините Македонски Брод, Македонска Каменица, Ресен, Струмица и Карпош.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје