mksqen
27
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Од петок акција за собирање кабаст отпад во Општина Аеродром

Од петок акција за собирање кабаст отпад во Општина Аеродром

Типографија

Од петок Општина Аеродром во соработка со Град Скопје ќе почне акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, а граѓаните кои имаат кабаст отпад, во временски интервал од 7 до 9:30 часот, ќе можат да го одложат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства.

Од Општината апелираат, да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Акцијата на 4 март ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.

Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство, како шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери, електронски апарати компјутери, телевизори, музички системи, но не и градежен шут.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје