mksqen
22
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Почнува пријавувањето за субвенции за печки на пелети за 2017 година

Почнува пријавувањето за субвенции за печки на пелети за 2017 година

Типографија

Пријавувањето за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2017 година почна од денеска и ќе трае до 13 март годинава.

Надоместот ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен’’, информира Град Скопје.

Правото на учество, критериумите, начинот на остварувањето на правото на надоместок, како и начинот на спроведување на повикот се утврдени со јавниот повик кој е објавен на веб-страницата на Град Скопје.

рад Скопје апелира до потенцијалните учесници на јавниот повик пред поднесувањето на документацијата внимателно да ги прочитаат начинот, условите и критериумите за учество, па потоа со целосно комплетирана документација, согласно со правилата да поднесат барање за надоместок на дел од трошоците.

  • Ова е втор јавен повик за надоместок на трошоци за набавка на печки на пелети. Првиот беше објавен минатата година и беше субвенционирана набавката на печки на 196 граѓани, а Град Скопје за овој проект имаше обезбедено 5.896.000 денари - велат од Градот и додаваат дека за годинава за надоместок на дел од трошоците за набавка на печка на пелети се обезбедени 10 милиони денари.

Оттаму прецизираат дека е предвидено на граѓаните кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на јавниот повик заклучно со 13 март годинава да им обезбедат поврат на средства во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок .

Повикот, барањето и образецот за потполнување може да се преземат на http://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=775.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје