mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Годинава ќе се постават подземни контејнери на нови 12 локации

Годинава ќе се постават подземни контејнери на нови 12 локации

Типографија

Во текот на оваа година градските власти ќе постават подземни контејнери на нови 12 локации.

Планирано е во четири општини да се постават по три локации.

Подземните контејнери Град Скопје ги прави заедно со општината во која се инсталираат и со ЈП „Комунална хигиена“ при што секој плаќа по една третина од вредноста на овие контејнери.

Подземните контејнери како проект на Град Скопје и на скопските општини се покажале како добро решение за одложување на комуналниот отпад.

  • Имаат подобар изглед, отпадот се одложува под земја, направен е добар систем на празнење и поради тоа ќе продолжиме и понатаму во сите општини да инсталираме подземни контејнери - вели скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Досега во Скопје се инсталирани подземни контејнери на 42 локации, од кои минатата година се поставени во општините Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Чаир по три локации.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје