mksqen
22
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Проширување на топловодната мрежата за помало загадување

Проширување на топловодната мрежата за помало загадување

Типографија

Проширување на топловодната мрежа, субвенциии за печките за пелети и предлог за забрана за користење на јагленот и други цврсти горива се темите за кои денеска разговараат градоначалниците на скопскиот плански регион за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.

Состанокот го организира градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и на него се поканети сите градоначалници од Скопскиот плански регион.

  • Ве повикувам сите заедно да работиме на  решавање на овој предизвик. Ги повикувам сите градоначалници и ние како Град Скопје и централната власт да се ангажираме и да се вклучиме за заштита на амбиенталниот воздух и на загадувањето во градот Скопје - истакна Трајановски.

Според него проширувањето на топловодната мрежа во општините на градот Скопје како и неговото субвенционирање од страна на општините ќе придонесе за намалување на загадениот воздух. Разговарано било и за тоа сите станови да бидат вклучени на топификациската мрежа и дека ќе упатат апел до БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика за да размислат да ја намалат цената за парно греење.

Од Градот предложиле и останатите општини да го следат примерот на Општина Центар да ги сувенцираат граѓаните за купување на велосипеди и да изградат велосипедски патеки. На сотанокот разговарале и за гасификација на Град Скопје, за која градоначалникот рече дека се надева со формирање на владата да се објави новиот тендер.

Градоначалникот информираше дека ќе ги зголемат контролите кај фирмите кај кои издале Б интегрирани дозволи, но и дека контроли ќе има и кај компаниите со А интегрираните дозволи.

Конкретни мерки според градоначалникот Трајановски ќе бидат донесени по состанокот.

Трајановски вели дека воведувањето на пар-непар за возилата не е во нивна надлежност и дека тоа треба да го спроведат министрствата за животна средина, здравство и за внатрешни работи.

Град Скопје почна со третирање на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, а градоначалникот Трајановски посочи дека и општина Чаир побарала третирање на улиците на нејзината територија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје