Се асфалтираат дел од велосипедските патеки во Аеродром

Се асфалтираат дел од велосипедските патеки во Аеродром

Типографија

Екипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ги оформуваат и асфалтираат велосипедските патеки од Рутата 2 од проектот „Скопје велоград 2017“.

Како што информира Град Скопје се асфалтираат велопатеките по должината на булеварот Јане Сандански, а интензивно се работи и на изградба на велосипедските патеки по должината на булеварот Партизански одреди, во делот на Буњаковец и кај Порта Влае.

Рутата 2 од проектот „Скопје велоград 2017“ е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Таа ги опфаќа булеварите Февруарски поход, Видое Смилевски-Бато, Јане Сандански и Кузман Јосифовски-Питу, кејот „13 Ноември“, плоштадот „Македонија“, булеварот ВМРО и булеварот Партизански одреди до Порта Влае.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS