mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Досега пет апликации за натпреварите за подобар јавен превоз во Скопје

Досега пет апликации за натпреварите за подобар јавен превоз во Скопје

Типографија

Пет екипи досега се пријавиле за учество на натпреварите  „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“ за изработка на софтверски решенија за подобрување на јавниот градски превоз во Скопје.

Може да аплицираат креативни индивидуалци над 18 години, како и стартап претпријатија со шест години активна работа до моментот на апицирање и иновациски активности. Т реба да понудат предлог решенија за оптимизација на транспортните услуги на автобуските линии 5,15, 22, 19 и 57 и да развијат прототип на паметна автобуска постојка, со користење на лаборатиите на ФИНКИ и на Машинскиот факултет.

На хакатонот треба да се понудат алгоритми и начин како да се подобри квалитет  на транспортот на неколку автобуски линии, да се намали метежот во автобусите и времето за патување, а тоа   да се развие со употреба на лабораториите на факултетите.

Организатори на натпреварите се Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука, Градот Скопје и ЈСП Скопје.

За најдобрите решенија на натпреварите е предвидена парична награда од 45.000 денари, но може да се изберат патување или пак рекламирање преку автобусите и станиците на претпријатието.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје