mksqen
17
Пет, Сеп
0 Нови / 7 дена

Во август во Крива Паланка двојно помалку пожари од лани

Во август во Крива Паланка двојно помалку пожари од лани

Типографија

Екипите на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, интервенирале на шест пожари во август, двојно помалку од август претходната година. Од нив три се на отворен простор, два на обејкти и било запалено моторно возило, информираат од ТППЕ Крива Паланка.

Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка информира дека пожарникарите интервенирале при гаснење пожар кај месноста Стражин. Изгореле 3 хектари сува трева, багрем и даб. Бил запалено овоштарник и стрниште кај Долно Варовише, над манастирот Св „Јоаким Осоговски“, каде изгореле 5 хектари. При гаснењето на овие пожари помогнале и екипите на ЈП Македонски шуми подрачна единица Осогово.

Освен овие интервенции, бил пријавен и пожар во населба Баглак 3, каде била запелена дива депонија и по кратко време поради високите температури пожарот се проширил во борот. Немало материјална штета.

Командирот на ТППЕ Крива Паланка апелираше до кривопаланчани да бидат внимателни за да се избегнат несакани последици.

  • Ги молам граѓаните да не ги паркираат своите автомобили пред  влезот и излезот на ТППЕ Крива Паланка, како би можеле нашите екипи навреме да пристигнат на местото на инервенција, додаде Коцевски.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија