mksqen
27
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Повик за иницијативи за урбанистички планови во Крива Паланка

Повик за иницијативи за урбанистички планови во Крива Паланка

Типографија

Локалната самоуправа на оптшина Крива Паланка објави јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општината за 2017 година.

Повикот е распишан согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистчно планирање во привот квартал до годината. Од Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина при општина Крива Паланка информираат дека иницијативите може да ги поднесат правни или физички лица, заклучно со 23 март годинава.

Иницијативите се поднесуваат во предвидениот рок, во писмена форма до архивата на општината или во Оддеението за урбанизам, а може и во електорнска форма преку информацискито систем е-урбанизам.

Комисијата за урбанизам во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за доставување иницијативи ќе одлучува по секоја од нив и ќе го извести подносителот дали е прифатена или не, со образложение за одлуката.

Прифатените иницијативи од јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општината за 2017 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија