mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Утврдено присуство на птичји грип во Македонија

Утврдено присуство на птичји грип во Македонија

Типографија

Утврдено е присуство на високозаразна болест Авијарна инфлуенца, односно птичји грип тип АХ5Н8 кај живина во струшкото село Мороишта.

Ова го информираше директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

Тој посочи дека вирусот е високо патоген кај живината, но не претставува зооноза и не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана по јавното здравје кај луѓето.

  • Првиот случај е детектиран на 27 јануари по активен надзор на живината спроведен на терен и е констатиран во лабораториските анализи на Факултетот за ветеринарна медицина. Веднаш пристапивме кон протоколот за справување со птичји грип и тоа во самото жариште да се уништи целокупната живина, нештетно да се отстрани и да се изврши комплетна дезинфекција - рече Поповски.

Тој нагласува дека се донесени неколку мерки и прогласени две заштитини зони под надзор, каде согласно по правилникот на терен се уништува целокупната живина и производи од живина што биле во контакт. На терен се активни 30 тимови по четири лица.

  • Секоја живина што ќе биде угината ќе биде обесштетена. Веднаш ќе се прават записници и ќе се пополнува барањата за штета. Апелираме за максимална кооперативност од локалното население бидејќи се работи за вирус што многу брзо се шири кај живината и може да направи големи економски штети - рече Поповски.

Како симптоми кај живината, Поповски ги посочи високата смртност и пад на несивоста.

Според професор Александар Додовски, позитивно е дека вирусот е откриен кај селски живини што дава време за реакција и целосно неутрализирање.

  • Вирусот веќе од ноември 2016 година циркулира и е присутен во земјите од Европа. На вирусот му погодуваат ниски температури и го продолжуваат неговиот животен век до надворешна средина. Вирусот во фецес на температура од четири степени може да опстои активен и до осум недели, додека во површински води на температура од 10 степени е активен од 100 до 120 дена. Значи дека сме во период на максимална активност на вирусот -рече Додовски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија