mksqen
04
Саб, Дек
0 Нови / 7 дена

Еко Герила: Воздухот во Тетово е за 40 до 50 отсто помалку загаден кога не работи Југохром

Еко Герила: Воздухот во Тетово е за 40 до 50 отсто помалку загаден кога не работи Југохром

Типографија

Движењето Еко Герила смета дека воздухот во Тетово е значително понезагаден кога не работи Југохром и е против барањето на раководството на комбинатот Владата да ја повлече одлуката за забрана на работата.

  • Барањето да му се дозволи на Југохром и понатаму да го загадува регионот е неприфатливо, противзаконско, опасно и со фатални последици за сите жители на Тетово и регионот. Со споредување на бројките, јасно се гледа дека без Југохром, воздухот во Тетово е за 40 до 50 отсто помалку загаден. Југохром е еден од најголемите загадувачи во Тетово и регионот. Тоа се потвдрува со намалувањето на нивото на загаденоста во периодот кога Југохром не работеше, велат од Еко Герила.

Прецизираат дека во јануари годинава загаденоста во Тетово била пониска за 39 отсто, во февруари за 41, во ноември за 49 и во декември годинава за 51 отсто пониска.

  • Минатата година загадувањето во Тетово достигна 1.000 микрограми пм10 честички на метар кубен, а годинава максимумот е 500 микрограми. Минатата година бевме први во Европа, но и во светот, годинава сме на 7-8 место во Македонија. Секако дека Тетово продолжува да се загадува, но без Југохром состојбата е значително подобра, потенцираат од Еко Герила.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија