mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Амети: Југохром да го забрза поставувањето на филтрите

Амети: Југохром да го забрза поставувањето на филтрите

Типографија

Министерот за животна средина Башким Амети го повика раководството на комбинатот „Југохром“ од Јегуновце да го забрза процесот за поставување филтри со што ќе се исполнат условите овој производствен капацитет повторно да почне да работи.

  • Раководството на комбинатот мора најинтензивно и најбрзо да работи на поставување на филтрите за да може комбинатот да работи и вработените да се вратат на нивните работни места. Го охрабрувам раководството на комбинатот да изнајдат решение за барањето на вработените се до поставување на филтрите - вели Амети.

На 2 ноември „Југохром“ постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече на крајот на минатиот месец.

Министерот Амети рече дека потполно ги разбира барањата и маките на работниците од „Југохром“ кои протестираа во Скопје, со барање за рестартирање на комбинатот, и посочи дека уште на почетокот потенцирале дека не било лесно да се донесе одлуката за затворање на комбинатот.

Амети вели дека одлуката за затворање на комбинатот била конкретна мерка  за да се намали нивото на загадување на воздухот во Тетово.

  • Оваа ситуација е резултат на неажурноста на раководството на „Југохром“ и за жал сега трпат вработените - додава Амети, потенцирајќи дека за да може комбинатот повторно да проработи треба да се постават филтрите.

За загадувањето во Скопје и во останатите градови, според Амети, ресорното Министерство издало препораки до општините и директни апели до граѓаните..

  • Анализите може да се видат, многу градови се загадени. Во овој  период  неколку градови стојат покритично, но анализите покажуваат дека „Југохром“ е еден од најголемите загадувачи во Тетово - вели министерот Амети.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија