mksqen
27
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Работилница за Протоколот за Регистри на испуштање и пренос на загадувачки материи

Работилница за Протоколот за Регистри на испуштање и пренос на загадувачки материи

Типографија

„Успесите, предизвиците и најдобрите практики во развојот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во Земјите од Западен Балкан и Република Молдавија“ е насловот на работилницата што се одржува во Скопје.

Нејзината цел е увид во актуелните случувања поврзани со спроведувањето на Протоколот за Регистри на испуштање и пренос на загадувачки материи, размена на искуства и применети знаења, промоција на взаемно учење, како и можни прилагодувања за развој на ефикасни РИПЗ системи.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски на отворањето на работилницата рече дека на овој состанок се очекува да се дадат препораки за следни чекори поврзани со имплеметацијата на РИПЗ Протоколот кај сите засегнати страни.

  • Со реализацијата на овој проект се овозможи зајакнување на капацитетите на надлежните органи, инсталациите и НВО за имплементација на РИПЗ Протоколот во пракса. Oсобена улога во процесот на воспоставување и одржување на функционален регистар е индустријата, која преку доставување на бараните извештаи придонесува за успешно спроведување на барањата на Потоколот - истакна Темелковски.

Според него, на тој начин индустријата демонстрира општествена одговорност и овозможува пристап до информациите за нивните активности и емисиите на загадувачките материи во животната средина.

Претставникот на Германската амбасада во Македонија Марко Акватичи рече дека амбасадата поддржала многу локални проекти кои се однесуваат на заштитата на животната средина и во борбата против загадувањето на воздухот во Македонија. Како најголема поддршка од Амбасадата на Германија тој ги потенцираше проектите за подобрување на воздухот во Скопје и паркот со ветерници во Богданци кој е прв од таков вид на Балканот. Работилницата е организирана како резултат на соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) во рамките на проектот „Подршка за воспоставување и развој на Протоколот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во Земјите од Западен Балкан и во Република Молдавија“. Проектот е финансиран од Програмата за советодавна помош на Германското Сојузно Министерство за животна средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија