mksqen
04
Саб, Дек
0 Нови / 7 дена

Најмногу дожд во Пожаране и Тетово

Најмногу дожд во Пожаране и Тетово

Типографија

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране.

Според мерењата на УХМР во Пожаране се наврнати 24 литри на метар квадратен, во Тетово 18, во Маврово 17, Скопје 16, Крушево 13, Дебар 12, Лазарополе 11, Охрид 8, Ѓуриште 7, Штип 6, Виница 5, Берово и Куманово 4, Тополчани, Прилеп и Струмица 3, Претор 2 и во Битола и Демир Капија 1 литар на метар квадратен.

Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Температурата ќе се движи  од 3 до 9, а максималната од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде  променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 14 степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија