mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Привршува изградбата на пречистителната станица на Вардар кај Гевгелија

Привршува изградбата на пречистителната станица на Вардар кај Гевгелија

Типографија

Изградбата на пречистителната станица на реката Вардар кај Гевгелија треба да го реши проблемот со загадувањето во нејзиниот долен тек.

Овој проект  беше тема на разговор на средбата во Гевгелија меѓу градоначалникот Иван Франгов и амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тајада.

Градоначалникот Франгов ја информираше гостинката за завршните изведбени работи, пред се за изградбата на преливната шахта на главниот колектор со што ќе се обезбеди негово приклучување кон станицата. Франгов нагласи дека овој капитален проект за општина Гевгелија е вреден 9,7 милиони евра од кои најголемиот дел ги обезбеди Владата на Швајцарија преку нивната агенција за развој, а останатите ги обезбедија владите на Македонија и Грција.

Франгов и Тајада изразија задоволство од текот на работите, а истовремено и надеж дека скорешната реализација на проектот ќе обезбеди целосна заштита од загадување на јужниот тек на реката Вардар, како и на целиот пограничен регион во Македонија и во Грција.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија