mksqen
27
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Во Кавадарци испорачани над 19 илјади кубни метри огревно дрво

Во Кавадарци испорачани над 19 илјади кубни метри огревно дрво

Типографија

Јавното претпријатие „Македонски шуми” подружница  „Бор"  од Кавадарци, заклучно со 15 октомври има испорачано над 19.000 кубни метри  огревно  дрво за домаќинствата  или 85 проценти од договорените количини.

  • До крајот на тековниот месец сите што склучиле договор ќе добијат барем половина од количината која ја уплатиле, а остатокот ќе го добијат најдоцна до првата декада од ноември. Подружницата има доволно залиха на шумско-камионски пат и секојдневно пристигаат нови количини на плац, вели директорот Слободан Климоски .

Според него, сите што не се снабдиле навреме со дрва за огрев ќе можат да си купат по испораката на договорените количини.

  • Од 1 ноември ќе почне сечата на огревно дрво од државна шума за сопствени потреби, популарна кај населението како селска сеча - информира директорот.
     
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија