mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Работилница стандардите во органското земјоделство

Работилница стандардите во органското земјоделство

Типографија

Здружението на агроновинари на Македонија МЕДИА ПЛУС со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка овие два дена во Велес организира работилница на која ќе бидат отворени повеќе прашања за органското земјоделство.

Предизвиците и пречките со кои се соочуваат македонските производители, принципот на сертифицирање, стандардите, политиките и мерките за поддршка на секторот, состојбата во светски рамки, се само некои од темите на кои ќе се дискутира со претставници од надлежните институции и од реалниот сектор. Меѓу другото, ќе стане збор и за контролата на органските производи во земјава.

Предвидени се и теренски посети, во Мустафино, на земјоделското стопанство „Липа“ кое произведува органски грав, како и во Скопско, на расадникот Китка и на продавницата за органска храна „БиоКулт“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија