mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Француски инвеститор казнет за загадување во Бугарија

Француски инвеститор казнет за загадување во Бугарија

Типографија

Француската компанија Монтипе ќе треба да плати казна од над 250.000 евра затоа што од нејзината фабрика во бугарскиот град Русе се испуштале непречистени гасови цели 20 часа.

Граѓаните на овој град покрај реката Дунав го пријавиле загадувањето, а локалната еколошка инспекција ја определила казната.

Инспекторите ја забележале непријатната миризба во индустриската зона во Русе, и виделе сивкаст облак над погонот на Монтипе, инаку компанија што произведува автоделови. Со инструментите од граничната полиција бил утврден степенот на загадувањето.

Освен што определиле казна, инспекторите ги блокирале оџаците на фабриката и и наложиле на компанијата да го реши техничкиот проблем до 26 септември.

Во одбрана на Монтипе застана француско-бугарската трговска комора, соред чие соопштение, инспекцијата немала докази за загадувањето. Во фабриката во Русе, која произведува алуминиумски автомобилски делови, работат 1.000 луѓе.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан