mksqen
27
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Сите мали хидроцентрали во Бугарија на еколошка проверка

Сите мали хидроцентрали во Бугарија на еколошка проверка

Типографија

Бугарското Министерство за животна средина и води ги проверува сите мали хидроцентрали на бугарските реки за тоа дали ги исполнуваат еколошките стандарди.

Со овие проверки, во последниве два месеца се откриени 19 нарушувања, а сопствениците се казнети, информираат од министерството.

Ова соопштение доаѓа откако активисти за заштита на природата протестираа против изградбата на мала хидроцентрала во подножјето на Рила. Според нив, централата треба да се гради во заштитената зона на европската еколошка мрежа Натура 2000 и ќе ги загрози некои од најретките видови риби во земјата.

Решението за изградба на оваа централа, близу селото Говедарци, е издадено за искористување на хидропотенцијалот на реката Черни Искар и на уште две други реки. Но сега министерството најавува дека повторно ќе ги провери документите, односно дека одлуката за изградба не е конечна.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан