mksqen
26
Сре, Јан
0 Нови / 7 дена

Волонтерска акција за чистење на планината Пирин

Волонтерска акција за чистење на планината Пирин

Типографија

Бугарската организација „За Земјата“ 18 години по ред организира волонтерски акции за чистење на заштитените локалитети во државата. Годинава ќе се чисти националниот парк Пирин, во периодот од 29 август до 6 септември. Последен пат таква акција на Пирин имало пред четири години.

Организаторите соопштија дека веќе над 40 луѓе се пријавиле да учествуваат, меѓу кои има и „ветерани“ на овие акции, но и такви што за првпат ќе се вклучат во нив.

  • Се надеваме дека зад нас ќе останат само нашите стапки, споделените емоции и спомените - велат тие.

Целта на акциите со кои се чистат високопланински и тешко достапни предели, како што велат, е не само да се собере отпадот од околу дрвата и од под камењата, туку и да се влијае на посетителите поразумно да се однесуваат со природата. Најважно е, при посетата на планина, се` да се конзумира умерено и според потребите, а на крајот отпадоците да се вратат во ранците.

Основен проблем на планинарските домови, се вели во соопштението, е масовната употреба на пластични чаши и чинии за еднократна употреба, кои често завршуваат во печките, и на тој начин испуштаат високотоксични гасови во чистиот планински воздух. А решението, како што додаваат, е лесно, да се користат сопствени садови и прибор.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан