mksqen
26
Сре, Јан
0 Нови / 7 дена

Акција „Јако е да си еко“ во Бугарија

Акција „Јако е да си еко“ во Бугарија

Типографија

Дирекцијата на националниот парк „Централен Балкан“ во Бугарија со вклучување во образовно-информативната кампања „Јако е да си еко 2“ ќе ја одбележи 25-годишнината од основањето на паркот. Во рамките на акцијата ќе се организира планинарска тура водопадот Рајско прскало.

Акцијата „Јако е да си еко“ ја огранизира Министерството за животна средина и води втора година по ред, а во неа се вклучуваат зоолог од Националниот природонаучен музеј и алпинистот Бојан Петров. Тие, заедно со министерката Ивелина василева, ќе организираат две големи планинарски тури, до врвот Маљовица во националниопт парк „Рила“ и до највисокиот постојан водопад во Бугарија, Рајско прскало (128 метри) во паркот „Централен Балкан“. Турата на Рила ќе се организира на 11 септември, а кон водопадот ќе се оди на 2 октомври.

Ова е е сосема поинаков начин на спроведување на акцијата „Јако е да си еко“ во споредба со минатата година. Тогаш главните активности биле насочени за јакнење на еколошката свест во врска со отпадот, воздухот и други проблеми со животната средина, па се организирале манифестации во Пловдив, Варна, Велико Трново, Бургас, Враца и во Софија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан