mksqen
20
Пон, Сеп
0 Нови / 7 дена

Косово добива средства за спроведување на енергетската ефикасност

Косово добива средства за спроведување на енергетската ефикасност

Типографија

Фондот за зелен раст обезбеди еден милион евра за развој на енергетската ефикасност во Косово. 

Средствата се даваат на заем на Агенцијата за финансии на Косово која понатаму ќе го финансира развојот на енергетската ефикасност и на косовскиот пазар. Агенцијата ќе ги доделува средствата на мали и микро претпријатија, како и на руралната заедница која ја препознава важноста на енергетската ефикасност и развојот на овој сектор. Заедно со кредитот Агенцијата ќе добие и техничка помош за проширување на експертската работа во институциите.

Агенцијата веќе има искуство во финансирање на енергетски ефикасни проекти во Косово, а овие нови финансиски средства ќе овозможат понатамошна посветеност на заштитата на животната средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан