mksqen
27
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Ќе им се сечат роговите на носорозите во Зимбабве

Ќе им се сечат роговите на носорозите во Зимбабве

Типографија

Владата на Зимбабве планира да им ги отстрани роговите на сите носорози во своите национални паркови, за тие веќе да не бидат атрактивни за ловокрадците. Одлуката доаѓа откако минатата година 50 носорози биле нелегално убиени заради своите рогови.

Роговите од носорозите се на висока цена во Азија каде што се користат во традиционалната медицина, а се` поголемата побарувачка придонесува за раст на криволовот. Според групите за заштита на животните, лани биле убиени рекордни 1.305 носорози во Африка.

Веќе им биле отстранети роговите на околу 100 носорози во државните паркови на Зимбабве. Овие места биле атрактивни за ловокрадците бидејќи биле послабо обезбедувани. Околу 600 носорози се чувале на приватни имоти, и нивните сопственици самите треба да одлучат дали ќе им ги отстранат роговите. Операцијата за безбедно отстранување рог од еден носорог чини 1.200 долари.

  • Сакаме да им испратиме порака на ловокрадците дека нема многу да добијат ако дојдат во Зимбабве - вели Лиза Марабини, директорка на организацијата „Авер Траст Зимбабве“.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет