mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Лестер стана ураган, но далеку е од копното

Лестер стана ураган, но далеку е од копното

Типографија

Тропската бура Лестер прерасна во ураган и се движи кон запад преку Тихиот Океан, оддалечувајќи се од копното на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани во САД.

Ураганот, чија максимална брзина на ветровите е 120 километри на час, се наоѓа на околу 885 километри југозападно од најјужната точка на мексиканската држава Долна Калифорнија, информираат на Центарот со седиште во Мајами.

Нема издадени предупредувања за непосредна опасност за крајбрежните области. Бурата се движи со брзина од 15 километри на час.

Во меѓувреме, во северниот дел на Пацификот на исток-југоисток од Хавајските острови се формирала тропска бура Медлин. Максималната брзина на ветровите и е 65 километри на час, а Медлин се движи во западна насока со 19 километри на час.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет