mksqen
24
Нед, Окт
0 Нови / 7 дена

Запленети 650 замрзнати панголини во Индонезија, еден уапсен

Запленети 650 замрзнати панголини во Индонезија, еден уапсен

Типографија

Индонезиската полиција запленила 650 мртви панголини скриени во замрзнувачи во куќа во областа Јомбанг, на главниот остров Јава. Акцијата следела откако соседите пријавиле дека во куќата има невообичаено многу замрзнувачи.

Панголините се мали мравојади долги од 30 до 100 сантиметри и се единствените цицачи што имаат крлушки наместо влакна на кожата. Во Индонезија се критично загрозени, но во повеќе делови од Азија се барани како деликатес.

Уапсениот 55-годишен жител на островот може да добие затворска казна до пет години и парична казна до 7.500 долари, затоа што ги прекршил законите за заштита на природата. Панголините биле најдени завиткани во пластични кеси, во пет замрзнувачи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет