mksqen
20
Пон, Сеп
0 Нови / 7 дена

Хуманитарци ги спасиле животните од зоолошка градина во Газа

Хуманитарци ги спасиле животните од зоолошка градина во Газа

Типографија

Членови на меѓународната хуманитарна организација „Четири шепи“ ги однеле последните 15 животни од една зоолошка градина во појасот Газа, која е наречена „најлоша во светот“.

Тие од Газа влегле во Израел со тигар, пет мајмуни, бодликаво прасе, птица ему и со други животни, надевајќи се дека на друго место ќе им овозможат подобар живот. Поголемиот дел од нив ќе се однесат во Јордан, а тигарот во Јужна Африка.

Со тоа оваа зоолошка градина, која се наоѓа во местото Кан Јунис, е практично затворена. Организацијата соопштила дека градината имала финансиски проблеми оваа година и не можела да им овозможи на животните соодветна грижа и храна. Самиот сопственик на градината ја замолил организацијата за помош, и таа обезбедила храна и ветеринарни прегледи, но подоцна одлучила дека животните треба да се преместат.

  • Условите за живот беа далеку од идеални. Нивните нови домови ќе бидат големо подобрување - рекол Амир Калил, кој ја предводел задачата во Газа.

Очајната состојба со зоолошките градини во Газа е позната од порано. Градината во Кан Јунис, на пример, ги чувала угинатите животни и ги изожувала препарирани, а за други градини се известуваше дека им цртале линии на магарињата за да изгледаат како зебри.

„Четири шепи“ и порано спасувале животни од Газа. Сложената и тешка политичка и економска состојба во појасот придонесува да биде многу тешко таму да се одржуваат зоолошки градини ниту според минималните стандарди. Освен тоа, голем број градини се во приватна сопственост а нивните сопственици немаат ниту знаење, ниту искуство за соодветно да се грижат за животните.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет