mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Големиот зелен ѕид напредува добро

Големиот зелен ѕид напредува добро

Типографија

Во 2012 година почна проектот наречен Голем зелен ѕид во Африка, да се засади појас од дрвја по јужната линија на пустината Сахара, од Атлантскиот се` до Индискиот океан, за да се запре опустинувањето на овој дел од африканскиот континент.

Проектот првпат бил инициран уште во 1950-тите години, но конечно пред четири години почна неговата реализација. Африканската унија е негов главен предводник, заедно со Обединетите нации и со Европската унија.

Опфаќа вкупно 11 суб-сахарски држави, од Сенегал на западниот брег се` до Џибути на источниот. Досега е постигнат значаен напредок во Сенегал каде што се засадени 11 милиони дрвја, а во Нигерија проектот овозможил отворање на 20.000 работни места во руралниот дел. Во државите Мали, Буркина Фасо и Нигер, се рехабилитирани околу 2.500 хектари земја.

  • Големиот зелен ѕид е еден од најиновативните и најсмелите зафати во историјата на човештвото - вели портпаролката на Африканската унија, Жанет Едеме.

Надежите се дека овој зелен појас од над 7.000 километри ќе го запре опустинувањето, кое, ако продолжи, ќе присили околу 60 милиони Африканци да ги напуштат своите домови, предизвикувајќи масовна миграција, но и поттикнувајќи ги луѓето да им се придружат на екстремистичките групи како Боко Харам.

  • Големиот зелен ѕид не служи само за да се засадат дрвја и да се бројат, туку да им се овозможи на локалните заедници да се приспособат на условите, и да се развијат одржливи проекти што ќе им дадат на младите луѓе од регионот причина да останат тука - вели Камила Нордхајм-Ларсен од Конвенцијата на ОН за борба против дезертификацијата.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет