Тим научници од Калифорнија ги споредувале белите и црните делови од крзното на пандата со истите делови од телото кај над 200 други животински видови, и потоа ги анализирале тие податоци во контекст на условите за живот и животниот стил на овие животни за да утврдат зошто тие се црно-бели.
За разлика од другите мечки, пандите не хибернираат во зима, па според тоа истражувачите заклучиле дека бојата на крзното не служи за да ја регулира телесната температура. Теоријата што ја развиле тие е дека белите делови и помагаат на пандата да се сокрие во снегот, а темните делови и служат за да биде помалку забележителна во шумата. Црните уши служат за да ги заплашат грабливците, а црните кругови околу очите се за распознавање на пријателите и на конкурентите.
Според Тим Каро, кој бил на чело на истражувачкиот тим, боите на пандата биле загатка за биолозите долго време , бидејќи ниту еден друг цицач нема сличен изглед. Дури откако истражувачите го анализирале секој дел од телото посебно, можеле да донесат заклучоци зошто се развил специфичниот изглед.