mksqen
27
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Шведското електростопанство ќе користи само електрични возила

Шведското електростопанство ќе користи само електрични возила

Типографија

Шведското електростопанско претпријатие „Ватенфал“ планира да го замени целиот возен парк и за пет години да користи само електрични возила.

Од претпријатието велат дека повеќе од три илјади патнички возила во Шведска, Холандија и Германија ќе бидат заменети со електрични, а планира до 2050 година целата работа на претпријатието да биде „климатски неутрална“. Но од таму потврдуваат дека ова зависи од тоа како потрошувачите ќе ја прифатат идејата за користење на електрични возила.

Од „Ватенфал“ велат дека постепено ќе ги заменат класичните возила со електрични и тоа во Шведска 1.700, во Германија 1.100 и 750 во Холандија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет