mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Најмалку девет жртви на ураганот Ото во Костарика

Најмалку девет жртви на ураганот Ото во Костарика

Типографија

Најмалку девет лица загинаа, а десетици други се повредени во Костарика во налетот на ураганот Ото, што подоцна се претвори во силна тропска бура, соопштија властите во оваа централноамериканска држава.

Силното невреме, проследено со обилни врнежи од дожд, предизвикаа излевање на некои реки, кои однесоа мостови и дојде до појава на лизгање на земјиштето.

Во неколку помали градови луѓето останале без вода, а цели квартови биле затрупани со кал.

Според локалната метеоролошка служба, во само неколку часови наврнал дожд колку што обично паѓа во текот на еден цел месец.

Ураганот Ото, кој се создаде во регионит на Карибите, на крајот од сезоната на ураганите, што мошне ретко се случува, претходно ја погоди и Никарагва.

Сите жртви во Костарика се во близината на пограничниот појас со Никарагва.

Двете земји презедоа мерки за заштита на цивилното населени. Луѓето беа евакуирани од најпогодените реони, а сите училишта остнаа затворени.

Ото предизвика брзината на ветрот да достигне 175 километри на час, но неговата јачина, според анализите на метеоролозите во регионот, забрзано се намалувала, па во Пацификот ураганот се претворил во тропска бура.

Ова беше првпат по 1851 година, Костарика да биде погодена од еден ураган.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет