mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Бан Ки-мун го поздрави стапувањето во сила на Парискиот климатски договор

Бан Ки-мун го поздрави стапувањето во сила на Парискиот климатски договор

Типографија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го поздрави влегувањето во сила на глобалниот договор за климата.

  • Ја напишавме историјата во областа на напорите на човештвото во борбата со климатските промени - вели Бан.

Тој додава дека се уште се тркаме со времето, се уште е неопходен премин кон помалку емисии на стакленички гасови и пооодржлива иднина, кога е во прашање климата.

Парискиот договор за климатските промени официјално стапи во сила. Со него е извршен притисок врз околу 200 земји да започнат со исполнување на своите планови за намалување на штетните емисии на гасови.

Договорот, кој е прифатен на конференција во Париз во декември минатата година, има за цел да го ограничи зголемувањето на просечната температура на Земјата под два степена Целзиусови во споредба со прединдустриската ера. Предвидено беше тој да стапи во сила, откако е ратифициран од 55 држави, на кои отпаѓа дел од 55 проценти од светските штетни емисии на гасови, услов кој беше исполнет.

Меѓу државите кои го ратификуваа договорот се и големите загадувачи САД, Кина, Индија, како и ЕУ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет