mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Индија го ратификуваше Парискиот договор

Индија го ратификуваше Парискиот договор

Типографија

Индија го ратификуваше Парискиот договор за климатски промени. Кабинетот на премиерот Наренда Моди во средата даде одобрување да се ратификува тој договор на годишнината од раѓањето на индискиот лидер во борбата за независност Махатма Ганди.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Викас Сварп објави на Твитер дека Индија „го одржала своето ветување“ и го ратификувала договорот.

ОН го поздравија потегот нагласувајќи дека Индија надоградува силен политички момент од Париз со цел ургентна глобална акција за прашањето на климатските промени.

Парискиот договор ќе стапи на сила кога ќе го ратификуваат 55 држави кои учествуваат со најмалку 55 отсто од вкупните глобални емисии на штетни гасови.

Парискиот договор го усвоија 185 држави во декември минатата година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет