Граѓанските здруженија бараат стопирање на возилата во центарот на градот

Граѓанските здруженија бараат стопирање на возилата во центарот на градот

Типографија

Граѓанските здруженија бараат итно да се превземат дополнителни активности и мерки за намалување на аерозагадувањето кои ќе бидат насочени кон сите чинители- граѓаните, приватниот и јавниот сектор подеднакво.

Овие активности и мерки не може да ги спроведе само град Скопје ниту само Министерство за животна средина, потребно е вклучување и координирани активности на сите институции во државата.

  • Ја поздравуваме веста од град Скопје за воведувањето бесплатен јавен превоз за граѓаните од утре, меѓутоа би сакале да истакнеме дека доколку целосно не се забрани движење со автомобили во централното градско подрачје ваквата мерка сама по себе нема да постигне никакви резултати во насока на намалување на аерозагадувањето - се вели во соопштението од Граѓанските здруженија.

Еко-свест, Аналитика, Центарот за климатски промени, ОРТ, Македонски зелен центар, Реактор, и еколошкиот правник Александра Бујароска изработија детален план со мерки за справување со аерозагадувањето кој го презентиравме и во Советот на град Скопје и кој е сеуште достапен за надлежните институции и јавноста.

  • Скопје не е единствен град со високо аерозагадување во светот, меѓутоа изминатава година беше високо на листата на најзагадени градови во Европа. Париз кој е исто високо на листата, неколку пати годинава воведе целосна забрана за движење на автомобили во градот, оваа година воведе и забрана за возила произведени пред 2000 година. Мадрид целосно забрани движење на автомобили низ централното градско подрачје, додека Осло објави привремена забрана за сите дизел возила како мерка за справување со аерозагадувањето - додаваат од Граѓанските здруженија.

Тие велат дека она што е потребно се храбри мерки кои ќе се спроведат и покрај тоа што се непопуларни и потребно е тоа да се направи итно.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS