mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Жителите на Гази Баба бараат подобро греење

Жителите на Гази Баба бараат подобро греење

Типографија

Општински претставници од Гази Баба на средба со ЕЛЕМ бараат подобро греење во претстојната сезона.

Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски на состанокот со стручните служби на ЕЛЕМ Енегргетика и директорот Маријан  Милошевски во присуство на претседателите и секретарите на урбаните заедници Железара,  Автокоманда и Триангла, размениле мислења  за грејната сезона и снабдувањето со топлинска енергија од страна на ЕЛЕМ Енергетика кон потрошувачите.

Како што соопшти општина Гази Баба, претставниците од урбаните заедници кои присуствувале на состанокот ги презентирале проблемите со кои се соочуваат одредени граѓани од овие населени места во врска со снабдување на топлинска енергија до своите домови и побарале од директорот да овозможи дежурна служба која би ги опслужувала граѓаните по потреба.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје