mksqen
04
Саб, Дек
0 Нови / 7 дена

Од утре почнува грејната сезона

Од утре почнува грејната сезона

Типографија

Поради падот на температурите, од утре, 5 октомври, десет дена порано, почнува новата грејна сезона.

Ова важи за потрошувачите кои се во системот на Балкан енерџи во Скопје.

  • Согласно регулативите, снабдувањето со толинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15. октомври ако прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, според податоците од Управа за хидрометеролошки работи на Република Македонија - наведува БЕГ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред официјалниот старт на грејната сезона, 15 октомври, ја носи Регулаторната комисија за енергетика.

  • Изминативе неколку денови, екипите вршеа континуирани ладни проби на системот со цел да се отстранат евентуалните пречки и да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија до потрошувачите - соопшти компанијата и информира дека евентуалните дефекти може да се пријавуваат на телефонскиот број 02/3076-200, на линкот  http://beg-distribucija.com.mk/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/ или  преку смс порака на броевите 076 350 298, 078 207 056 и 070-369-337.



BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје